Протестниот марш вечерва повторно ќе помине покрај „Скендербег“

Вечерашниот протест под мотото „Ултиматум – Не благодарам!“ се враќа на старата маршрута: Од собирното место пред Владата, покрај плоштадот „Скендербег“ до Министерството за надворешни работи и на крај пред Собранието.



Моментот кога демонстрантите против бугаризацијата беа нападнати кај “Скендербег“

Организаторите соопштија дека ќе протестираат пред МНР за да му дадат поддршка на претседателот на македонскиот дипломатски синдикат, Зоран Дабиќ кој бил суспендиран.

„Зоран Дабиќ претседателот на македонскиот дипломатски синдикат кој се обрати пред Собранието и кажа дека предлогот е фијаско на дипломатијата на Бујар Османи, беше експресно суспендиран од работа по теркот на манирите во Северна Кореја. Затоа денес ќе протестираме и пред МНР, а собирното место е Влада во 19 часот, преку Мавровка до МНР, по што протестот ќе заврши пред Собранието.“, се вели во дописот од организаторите.

Апелираат на мирно и достоинствено протестирање и бараат од МВР да обезбедат протоколи за да нема инциденти како минатата недела. 360 степени