Подмладокот на бугарската ВМРО-БНД, чиј лидер е Красимир Каракачанов, организираше протест пред владината резиденција Бојана во Софија пред вториот круг разговори меѓу премиерите на Бугарија и Македонија, Кирил Петков и Димитар Ковачевски.
Причината – стравувањата на патриотите дека новата влада го предава бугарскиот национален интерес за македонското прашање, јавија бугарски медиуми
„Тука сме да му објасниме на премиерот Петков дека во Македонија живеат Бугари. Да му објасниме на премиерот, да се свети неговото име, дека со насмевнување во трговски центар без маска не се решава проблемот со Македонија“, рече поранешниот пратеник Александар Сиди.
„Проблемите немаат корен во авионскат линија Софија-Скопје, туку во бугарскиот јазик, кој овие луѓе преку граница секојдневно се обидуваат да го украдат. За србоманијата нема место во Европската унија“, велат од партијата на Каракачанов.
Изјавата на премиерот Петков, која сугерира дека во Бугарија имало фашизам, се граничи со лудило“ изјави Сиди. „Можам да кажам дека овој човек сигурно претерал со својата кето-диета или дипломирал на Харвард со нивната специјална програма – тоа е единствената причина“, вели поранешниот пратеник.







