Протести во Тетово: Се спомнуваат Царовска и Заев, не им се простува на Ахмети и Груби

Тетовските ученици денеска излегоа на протести поради катастрофалната состојба со онлајн наставата.



Учениците протестираат затоа што немаат компјутери и лап топови, затоа што немаат интернет, затоа што платформата не функционира но и поради неподготвеноста на професорите да се снајдат во настава од далечина.

Од министерката за образование Царовска се бара да ги реши проблемите во онлајн наставата, од премиерот Заев се бара да обезбеди компјутери за сите ученици кои немаат а од политичките партии да запрат со непотребно трошење со цел да се решат проблемите во образованието во ек на Ковид-19.

Очевидци тврдат дека протестите се одвиваат достоинствено иако од дел од демонстрантите можат да се слушнат и навредливи пораки до претставниците на власта.

Последна вест

Им се ветувало решение, добиле разрешување

По средбата со Филипче, место мотивација, сестрите од „Инфективна“ добиле уназадување