Владата во Грузија да замине по неуспехот земјата да добие кандидатски статус за ЕУ побараа демонстранти на синоќешниот протест во главниот град.
– Десетици илјади луѓе протестираа синоќа околу парламентот во Тбилиси против политиката на грузиските власти по неуспехот на земјата да добие статус на кандидат за членство во Европската унија, пренесе Радио слободна Европа.
„Ние, народот на Грузија, бараме премиерот Иракли Гарибашвили да поднесе оставка и да се формира нова влада која ќе ги спроведе сите реформи што ги бара ЕУ“, рече еден од организаторите на протестот, додавајќи дека тие и даваат на владата рок од една недела да се исполни нивното барање.
Грузија поднесе барање за членство во ЕУ заедно со Украина и Молдавија, по почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.
Но, лидерите на ЕУ во четвртокот одлучија да им доделат кандидатски статус на Украина и Молдавија о објаснување дека Грузија исто така ќе добие кандидатски статус, но само кога ќе се спроведат реформите.







