На седмиот ден од антивладиниот протест, незадоволни граѓани се собираат сè повеќе во центарот на Софија, јавува БГНЕС.



Демонстрантите, кои се во поголем број, бараат оставка на премиерот Бојко Борисов, од владата и од главниот обвинител Иван Гешев.

„Оставка, суд, затвор“ „Бугарија не е фарма на Орвел “, „Не ја допирајте полицијата, тие не се тука по нивно барање“, „Маските не ни е на очи. Јасно гледаме дека ви доаѓа крајот“ се дел од пораките што ги испраќаат демонстрантите.

Протестиу се одржуваат и во 18 други градови во Бугарија на кои се бараат оставки од Борисов, владфата и главниот обвиител.