Полиција со коњи и оклопни возила госпречи протестот плоштадот на главниот град на Чешка каде околу 2 илјади демонстранти фрлаа петарди, конзерви и стаклени шишиња.
Луѓето се незадоволни поради заострување на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Протестот вчера, според медиуми, бил организиран од навивачки групи, а поводот се сè построгите ограничувања воведени како одговор на зголемениот број случаи во Чешка, во моментов најтешко погодена во Европа од глава на население.
Во петок се забележани рекорден број на случаи 11.105, а во сабота 8.713. Минатата недела во Прага беа затворени рестораните и кафулињата, а учениците учат од далечина.





