Протести против поскапувањето на струјата во 6 градови

Во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга денеска во 18 часот ќе се држат протестни собири на граѓаните против поскапувањето на електричната енергија.



Протест во 14 часот ќе се одржи и во Куманово.

Се бара укинување на одлуката за поскапување на електричната енергија од 7.4%, распуштање на Регулаторна комисија за енергетика и формирање на тело во Собрание кое ќе ги разгледа и адресира сите жалби на граѓаните кон енергетските компании.

И Конфедерацијата на независните синдикати во Македонија како организатор повика за масивно присуство на протестот.

Во Скопје протестот ќе почне од паркот во Чаир и Жена Парк и ќе се маршира до пред Влада. Во Тетово маршот ќе почне од кружниот тек кај поранешен Монопол, кај „Мемоја„ и кај градинката на населба „Поток“ и ќе заврши кај плоштад Илирија.

Во Куманово, протестот ќе почне од објектот на општината и ќе заврши пред ЕВН, и во Дебар протестот ќе почне пред објектот на општината и ќе се маршира до седиштето на ЕВН. Во Кичево ќе се протестира во градскиот плоштад.

Ова е втор протест. Првиот протест минатата недела се одржа во Чаир, Тетово, Гостивар и Куманово.