Протести низ Украина: Време е и други да се борат

Демонстранти се собраа вчера во различни градови низ Украина за да привлечат внимание дека е потребна воена демобилизација, пишува „Украинска правда“.



Медиумите наведуваат дека демонстрантите првенствено бараат од украинската влада да одобри закон за демобилизација по 18 месеци служба.

Тие се обидуваат да го свртат вниманието и на петицијата за демобилизација која веќе има собрано 25.000 потписи .

Во Киев се одржаа демонстрации на Плоштадот на независноста. Членовите на семејствата на војниците скандираа: „Време е другите да се покажат!“, „Сите се одговорни за победата!“, „И војниците имаат семејства“, „Војната не се добива на рамениците на еден ист народ“. , „Демобилизација за армијата“ …

Украинските медиуми јавуваат дека мајки и деца од различни делови на земјата пристигнале на плоштадот во Киев. Во Тернопил, Лавов и Запорожје, сопругите, мајките и децата на војниците се собраа во близина на зградите на воената управа.