Протести ќе го блокираат центарот на Скопје

Пред Собрание излегуваат вработените во судската и обвинителската администрација, Фондот за здравство и Народниот правобранител.



Барањата се повисоки плати, а револтот кај административците се појави откако пролетва за 78 проценти се зголемија платите на функционерите, по одлуката на Уставниот суд. Чашата ја прели и буџетот за идната година во кој како што велат не се предвидени средства за зголемување на нивните примања.

Поради најавените протести МВР презема посебни мерки за обезбедување на редот, односно во периодот од 11 до 14 и 30 часот на централното подрачје на град Скопје ќе се спроведува посебен сообраќаен режим.

Од таму упатуваат и апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат службените лица.