Протестен марш во Тетово: „Оставка на Владата и локалните власти“


Денес во Тетово се одржа протестен марш низ улиците на градот, по повод страотната трагедија и загинувањето на 14-те луѓе во модуларната „ковид – болница“ на 8. септември 2021 година. – објави информативниот порталб на албански јазик „Порталб“.

Протестниот марш, во кој учествуваа членовите на семејствата на жртвите, но и значителен број граѓани на Тетово, тргна од градскиот плоштад. Пред протестантите реч одржа Ибин Емшиу, еден од оние, чии најблиски ги загубија животите во страотната трагедија. Тој искажа сомнеж зошто се пролонгира со истрагите за причините на страотниот пожар: „Сето ова одложување не води кон сомнеж, но јас се надевам во меѓународната правда дека час поскоро ќе го расветли случајот, бидејќи се покажа дека денес нема безбедност. Ова беше мирен протест, но улиците сосема ни ги блокираа. Посакувам таквите случаи како со трагедијата да не се случат во ниедна земја“.

Емшиу ги загуби таткото и братот во огнената стихија и нему, како што тој тврдеше, му се заканувале, оти ќе го убијат, ако продолжи да дава изјави во јавноста за пожарот во модуларната болница.
.
Протестантите фрлаа со јајца пред објектот на општина Тетово, покрај кој минаа. Тогаш се слушнаа повици да дадат оставки не само Владата на Република Македонија, туку и локалните власти, односно раководството на општина Тетово.

Учесниците во протестниот, но мирен марш, се упатија кон седиштето на Демократската унија за интеграција, но полицијата со барикади не им се дозволи да се приближат до објектот на „интегристите“. „Сакавме само да им испратиме порака на ДУИ на мирен начин, но не спречија“ – рече Блерим Ахмеди, еден од оние, кои беа означени како организатори на овој протест во Тетово, покрај членовите на семејствата..

Некои од демонстрантите го продолжија протестот со блокирање на патот пред Штуловиот универзитет, пред излезот од Тетово, на патот кон Гостивар. Но, откако полицијата не го расчисти патот, демонстрантите се повлекоа.
„Сакавме само да им испратиме порака на ДУИ на мирен начин, но не спречија“ – рече Блерим Ахмеди, еден од оние, кои беа означени како организатори на овој протест во Тетово.

Некои од демонстрантите го продолжија протестот со блокирање на патот пред Штуловиот универзитет, пред излезот од Тетово, на патот кон Гостивар. Но, откако полицијата не го расчисти патот, демонстрантите се повлекоа. информираше „Порталб“.



Видео:

Извор:https://portalb.mk/761579-zjarri-ne-tetove-qytetaret-protestuan-per-pergjegjesi-policia-nuk-i-lejoi-ti-afrohen-selise-se-bdi-se-video/