Протестот за пресудите за „Монструм “ од Чаир стигна до пред Владата, каде на платото каде беше запрен од кордон на специјална полиција.
Минатиот пат, протестот одржан на 25 февруари, од полицискиот кордон беше спречен на Бит Пазар.
Организатори на овој протест се семејствата на осудените во случајот „Монструм“, а незадоволство беше изразено и за пресудите за убијците на Никола Саздовски.
Учесниците во протестниот марш извикуваа „Слобода за нашите браќа“, „Уа за правдата”, „Стоп за двојните стандарди“, „Илирида демократија”, „Ние сме автохтон народ“…
Нема немири и судир со полицијата, а беа истакнати фотографии од обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска, судијката Добрила Кацарска и јавниот обвинител Љубомир Јовевски пред владата.
Забележливо е тоа што овој пат протестирачите беа собрани во помал број.






