Неколку илјади луѓе синоќа излегоа на нови протести во Израел барајќи ослободување на заложниците кои во Појасот Газа ги држи исламистичката група „Хамас“, пренесоа агенциите.



Некои од демонстрантите повторно побараа оставка од владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Премиерот беше обвинет дека ги саботирал меѓународно посредуваните преговори со Хамас.

Договорот би можел „да ги врати заложниците дома уште утре“, вели мајка на млад Израелец заробен од Хамас во Газа.

Некои од демонстранти носеа транспаренти: „Времето ги убива“, мислејќи на 132-та заложници земени на 7 октомври и сè уште во заробеништво на Хамас, пренесе „Times of Israel“.

Според информациите на Израел, 136 лица останале заробени на „Хамас“ во Газа, а се верува дека 30 се мртви.

Стотици демонстранти во Тел Авив го блокираа сообраќајот на некои од главните сообраќајници во градот, при што се уапсени најмалку седум демонстранти.