Пред зградата на бугарското Народно собрание се одржува протест на стотина симпатизери на партијата „Вазраждане“ кои се противат Бугарија да ѝ дава воено-техничка помош на Украина.
Денеска на пленарна седница во бугарскиот парлемент главна точка е обезбедувањето воено-техничка помош за Украина, а иницијативата се очекува да собере мнозинство од т.н. „Евроатлантските партии“ ГЕРБ, ПП и ДПС, јавува Њуз.бг.
Меѓу демонстрантите е и Костадин Костадинов, лидерот на партијата „Вазраждение“ (Преродба) која барем официјално не стои зад протестот.
„Големото прашање отсега е дали Бугарија ќе продолжи да постои и да биде во сегашната состојба на мир, или ќе го преземеме ризикот да ја избришеме Бугарија од лицето на земјата“, рече во обраќањето до демонстрантите секретарот на „Преродба“, Дејан Николов. .
„Нато надвор! и “Не за војна!” беа меѓу транспарентите што ги подигнаа незадоволните граѓани.







