Десетици илјади Италијанци маршираа низ Рим вчера повикувајќи на мир во Украина и барајќи од Италија да престане да испраќа оружје за да се бори против руската инвазија, јавува „Еуроњуз“.



Членка на НАТО, Италија, ја поддржува Украина од почетокот на војната, вклучително со обезбедување оружје,

Според полицијата, на мирниот собир присуствуваа околу 30.000 луѓе.

„Не за војната. Не за испраќањето оружје“, пишуваше на еден голем транспарент што го носеа демонстрантите, додека огромна толпа скандираше „дајте му шанса на мирот“.

„Оружјето беше испратено на почетокот со образложение дека тоа ќе спречи ескалација“, изјави демонстраторот Роберто Заното за АФП. Девет месеци подоцна огледнете ги фактите: испраќањето оружје не помага да се запре војната, оружјето помага да се започне војна“.

Студентката Сара Џанпиетро рече дека конфликтот се пролонгира со вооружување на Украина, што има економски последици за нашата земја, но и за почитување на човековите права.

Италија ја поддржува Украина од почетокот на војната, вклучително и со обезбедување оружје.

Новата екстремно десничарска премиерка Џорџија Мелони изјави дека тоа нема да се промени и очекува наскоро да биде испратено повеќе оружје.