Протест во Ченто поради апсење за време на полициски час

Поголема група жители на скопската населба Ченто излегоа вечерва на уличен протест за апсење лице што, наводно, го прекршило полицискиот час.



Според сопственото признание за Телевизија 21, лицето веднаш било ослободено и полицијата не применила сила врз него.

Причината за приведувањето, според него, била тоа што тој и неколку лица биле во двор, но „ништо сериозно“.

Според други медиуми, пак, станува збор за три приведени лица, од кои едното член на политичка партија.

На насобраните од автомобил им се обрати градоначалникот на општината Гази Баба, Борис Георгиевски.

Лицата што протестираа се враќаат кон своите домови, известија репортерите на ТВ 21.