Денеска во 16 часот незадоволните жители на населбата Автокоманда ќе протестираат пред кружниот тек меѓу населбите Железарница и Автокоманда тек кај гимназијата „Панче Арсовски“ незадоволни што среде грејна сезона и ненајавено се префрлени од еден снабдувач на централно греење на друг.
Тие и вчера протестираа барајќи да им се врати таканареченото „железарското парно“, со кое нивните домови се загреваа непрекинато по 24 часа, но затоа и по повисока цена во однос на другите корисници на парно греење во Градот.
Граѓаните се револтирани откако ненајавено, централното греење во населбата (2.000 домови) ненајавено и без претходно предупредување, е префрлено од ЕСМ Енергетика на ЕСМ Дистрибуција.
На протестот, како што неофицијално се дознава, поддршка ќе добијат и од граѓаните на населбата Железара која исто така е приклучена на „железарско парно“.
Од ЕСМ Дистрибуција, ден по „префрлувањето“ излегоа со соопштение дека зафатот се прави со цел рационализација на потрошувачката на парно греење но и изедначување на сите потрошувачи на ниво на Град кои ќе добиваат парно во периодот од 06 до 22 часот.
Она што дополнително ги револтира граѓаните е што иако парното им се скратува за 10 часови тие ќе продолжат да плаќаат како и досега и дека „сметките нема да им се зголемат.
Од ЕСМ информираа дека уште 2000 потрошувачи, кои сѐ уште не се префрлени на ЕСМ Снабдување, во следниот период ќе се направат технички подготовки за од следната грејна сезона да добиваат греење како и останатиот дел од градот.
Промените се случуваат поради тоа што старите парни котли кои немаат можност за дневно гасење, па овие потрошувачи имаа постојано греење, се исфрлаат од употреба, поради голема потрошувачка на гас.







