Граѓанската иницијатива @Бојкотирам најавува протест против менувањето на Уставот за 18 ноември, роденденот на кодификаторот на македонскиот литературен јазик и правопис Крсте Петков Мисирков, од 18 часот пред Собрание.
„#Бојкотирам уставни промени за промена на името Република Македонија и Македонија.
#Бојкотирам бришење на АСНОМ од преамбула. #Бојкотирам вградување на имплант Рамковен договор во преамбула.
ПРОТЕСТ за Македонцките работи
18ти Ноември 2018
18.00 Собрание на Република Македонија“, се вели во прогласот на движењето што стоеше и зад неуспешниот ререфендум од 30 септември, кога ги повика граѓаните да го бојкотираат изјаснувањето за договорот од Преспа.






