Поддржувачи на Џулијан Асанж денеска протестираат во близина на Судот во Лондон, каде се одржува сослушувања за можното екстрадирање основачот на „Викиликс“ на САД каде што може да биде осуден за зарворска каказна од 175 години поради неовластено откривање на класифицирани одбранбени информации.
Асанж, кој од 2012 година беше азилант во амбасадата на Еквадор во Велика Британија, беше уапсен на 11-ти април и сега издржува 50-неделна затворска казна во Британија поради непочитувањето на ослободувањето со кауција.





