Протест: Посебен режим на сообраќај на влезот во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денес, 27.06.2022 (понеделник), во периодот од 07:00 до 10:00 часот, поради одржување на протест од страна на Сојузот на синдикати на Македонија, се преземени мерки за посебен режим на сообраќај на сите сообраќајници што гравитираат околу крстосницата на бул. „Александар Македонски“ со ул. „16. Македонска бригада“ во Скопје.



Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај воведе посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.