Припадниците на „Златна зора“ заедно со неколку сродни организации вчера се собраа во новиот парк во Лерин на протест против регистрацијата на Центарот за македонски јазик од страна на грчлките судови, но и против какво било организирање на „скопјаните или Македонците“.



Полицијата не им дозволи на приврзаниците на Златна зора да излезат на централниот плоштад, дознава МКД.Мк.

Големото присуство на полицијата не дозволи да има какви било судири за време на протестите.

Истовремено се одржа и контрапротест на студентите и на Комунистичката партија на Грција против присуството на Златна зора во Лерин.

„Се собравме тука да им кажеме не на убијците, на терористите, на фашистите. Тие тука се непожелни“, изјавуваа организаторите на контрапротестот.