Протест на жителите од „Расадник“ против изградба на нови 90 згради

„Иницијатива за спас на Расадник“ најавува мирен протест во обид да се изборат против најавата на Општина Кисела Вода, во Расадник да изградат стотина нови згради.



„Одлучивме да го спасиме Расадник од бетон, и нема да отстапиме од тоа. Тука планираат да изградат околу 90 нови згради, по нашата проценка со тоа би се населиле околу 10.000 нови жители, колку еден помал град. Нас и сега ни е тешко, немаме тротоари, немаме улици, немаме место за паркинг. Нема пристап ниту за противпожарно возило“ вели Слободан Вуксановиќ од неформалното здружение на граѓани.

Со 400 потписи собрани од жителите на Расадник, поднеле забелешки заа ДУП-от на јавната расправа која беше организирана од страна на Општината. Но, од таму им дале објаснување дека Планот сепак ќе се усвои, без да се ревидира.