Протест на затворските полицајци во Идризово – „Изморени сме од негрижата на државата за нас“

Затворските службеници бараат државата да ги заштити. Палењето на автомобилот на командирот во затворот „Идризово“, што се случи синоќа околу 2 часот, ја прели чашата со проблеми за кои со години алармираат затворските полицајци. Велат, секогаш прстот е вперен кон нас, а нашиот живот секојдневно е во опасност – надлежните институции не реагираат.



„Бараме од надлежните, односно МВР, најсериозно да го сфатат овој проблем и што е можно побрзо да го откријат сторителот на ова кривично дело. Јавно го повикуваме министерот за правда, г. Тупанчевски, ако може уште утре да одвои еден час време од работното време, да не повика нас како синдикат, да му ги објасниме нашите проблеми, безбедноста при вршење на затворската полиција и условите за работа“ – рече Александар Спасовски – Претседател на Независен синдикат – Затворска полиција Идризово.

„Луѓето се веќе осоколени, против униформата и ние едноставно сме во голем проблем. Не само ние, самите граѓани во оваа држава ќе имаат голем проблем. И ќе се случи, не дај Боже, прашање со кое, ќе има тепање по улици. Зовриено е веќе кај многу поединци. Ако ние овде 50 луѓе не можеме да се справиме со нешто што веќе е осудено и што веќе е во затвор, па што да кажеме за обичен граѓанин?“- рече Претседател на Независен синдикат на полицијата.

Линк до целиот текст и видео.