Близу 10.000 Срби денеска мирно протестираа противм, како што јавува Б92, самоволието на приштинските власти и кршењето на нивните основни права во врска со забраната за гласање на изборите во Србија закажани за 3 април.
Тие носеа транспаренти со пораки против насилството на властите во Приштина и против кршењето на правата на Србите.
Насобраните носеа транспаренти „Курти, го уништие бриселскиот договор, уништи сè“, „Европа го запри го изживувањето на Курти“, „Ги чуваме нашите домови и децата во мир“, „Само ги сакаме нашите човекови права“ и други…
Приштина одби да дозволи на територија на Косово да се организира гласање на Србите на изборите во соседна Србија.







