Сексуалните работници од цела Холандија се придружија на демонстрациите во Хаг.



Тие протестираа против ограничувањата поради кои нивната работа е забранета во време на пандемијата на коронавирус, пренесува Гардијан.

Но, другите активности во кои постои можност за близок контакт, како што се фризери, салони за убавина и масери, ќе бидат одново дозволени од утре.

„Сексуалните работници треба да се справат со посебната природа на таа професија, а тоа е интимноста, но и со сите ризици од пренесување на вирусот“, потсетува „Гардијан“ на изјавата на холандскиот премиер Марк Руте.