Највозрасните граѓани од цела Македонија повторно дојдоа протестираат во Скопје, но овој пат пред Собранието, зашто, како што кажаа – власта и премиерот, со месеци останале глуви на барањата за раст на нивните примања, и на пензионерите, велат, се сеќавале само пред избори за да ги поткупат.

Пензионерите не отстапуваат од барањата за минимална пензија 18.000 денари, линаерно покачување од 5.000, како и одземање од партиципација за жени од 62 и мажи од 64 години.

Единствени кои ги поддржаа беа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои дојдоа пред Парламентот, и им ветија дека по промената на власта ќе бидат реализирани сите барања за достоинствен живот.

Пензионерите кои од сите градови дојдоа на протест пред Собраниeто, револтирани им ги оставија износените обувки на функционерите, кои како што кажаа, ги искинале одејќи по улица да протестираат.
Пензионерите сметаат дека Владата со нивите антикризни мерки во кои се вклучени и тие, само сакала да ги поткупи пред избори, но тоа, како што кажаа, немало да се случи, оти не сакаат еднократна помош, туку долготрајно решение.





