Протест на две српски телевизии

Наместо редовната програма, две срппски телевизии од синоќа по полноќ „објавуваат„ црна позадина на која пишува „Мрак во Србија без слободни медиуми“.



Нова С и Н1 кои работат во рамките на „Јунајтед Медиа“ го објавија истиот натпис на своите социјални мрежи, не давајќи никакво објаснување за истото.

Причините за оваа одлука на медиумите засега не се објавени во јавноста.

И на социјалните мрежи на овие две телевизии нема ништо за причините за прекин на програмата.

Вработените во овие две медиумски куќи не сакаат да даваат изјави.