Протест: Милион хрватски семејства можат да останат без матични лекари

Под мотото „СОС за здравството“ 1.500 лекари од пет лекарски здруженија денеска одржаа голем протест во Загреб со кој го изразија незадоволството од нивниот статус, платите, но и од севкупните состојби во здравствениот систем.



Протестот го организираа по анкетата која покажа големо незадоволство на лекарите од јавното здравство, кои дури се подготвени за штрајк.

Тие се незадоволни бидејќи Министерството за здравство не им излезе во пресрет и не ги решава насобраните проблеми во системот.

Сакаме да и кажеме на неспособната управа да се фати за работа“, изјави еден од демонстрантите.

„Сакаме да му кажеме на (премиерот) Пленковиќ дека нешто е гнило во системот и доста ни е од тоа. (Министерот за здравство) Берош не го интересираат проблемите на лекарите.

Милион луѓе наскоро ќе останат без матичен лекар. Лекарите се викаат, омаловажувани без аргументи Платите на матичните лекари се најниски во системот на плати на лекарите, а сепак од нас се се очекува“.