Дeмонстранти вчера истурија две торби со хартија на кои беа испечатени евра и долари во дворот на седиштето на ЕВН во Тетово.



„Бидејќи сакаат многу пари и бидејќи сакаат да крадат од народот, донесовме две вреќи со пари и ќе им ги испразниме па можеби ќе се заситат“, рекоа демонстрантите.

Движењето „Доста е“ на кои се приклучија околу 2.000 демонстранти по пети пат во Тетово синоќа одржа протестен собир против поскапувањето на електричната енергија.

„Сакаме уште еднаш да ја пренесеме пораката дека луѓето се незадоволни и гневни од поскапувањето на струјата и од односот на надлежните кон барањата што произлегуваат од протестот. Очекуваме од наредната недела да го интензивираме притисокот кон политичарите и Собранието и ќе бараме од сите 120 пратеници од Народното собрание да работат на решавање на проблемот што е создаден од Регулаторната комисија и од енергетските компании. Нашите барања остануваат исти и ние до крај ќе се бориме тие да се исполнат“, изјави Аријанид Џафери, еден од организаторите на протестот.