Инженери од сите македонски градови на протест закажан во 11 часот денеска ќе го изразат своето незадоволство и спротивставување на владината одлука за доделување на концесија за користење на водата на Црна река за производство на електрична енергија на грчкиот ППЦ-Архиродон.
Инжеnерите не ги даваат Црна Река и „Чебрен“
„Незадоволството на македонските инженери – енергетичари е јасен сигнал упатен кон јавноста и Владата дека мора да се преиспита и да се повлече донесената штетна одлука. Тие се подготвени во отворена дебата да ги конфронтираат своите со ставовите на сите оние кои во улога на владини советници ја подготвиле и донеле оваа штетна одлука“, соопшти Здружението на инженери.








