По повод одбележувањето на 30 – годишнината на независноста на Република Македонија, Владата на Република Македонија најави дека и утре, на 8 септември 2021 година, почнувајќи од 11 часот ќе бидат затворени за движење булеварот „Кочо Рацин“, „11октомври“, „Филип Втори“, улицата „Мирче Ацев“, „Димитрија Чуповски“, „Даме Груев“ и кејот „13 ноември“.
„Овие сообраќајници ќе бидат затворени за сообраќај поради централната манифестација ’30 години независност’ почнувајќи од 11 часот се до завршување на настанот’ – објаснија од Владата.“ – објави информативниот порталб на албански јазик „Порталб“.
Овој медиум пренесе најави за ограничувања во сообраќајот од страна на полицијата и поради втор настан – протест: „Полицијата на Република Македонија најави ограничувања во сообраќајот во Скопје за утре, бидејќи за утре е најавен и протест со почеток во 13,30 часот, кој ќе почне од плоштадот ‘Скендербег’ и кој ќе продолжи потоа до просториите на Европската Унија. Поради оваа причина, од 13,30 часот се до завршувањето на протестот делумно ќе биде затворен за сообраќај булеварот ‘Гоце Делчев’, булеварот ‘Илинден’ и булеварот ‘Климент Охридски.“
Инаку, Мона Агригороаиеи и Медаи Шахоли во својата колумна под наслов „Во поддршка на албанскиот протест во Скопје на 8 септември“, објавена од медиуми на албански јазик, која ја пренесе „Експрес.мк“ на 28.8.2021 година, напишаа: „На 8 септември, на денот на независноста на државата ‘северна’ во Скопје ќе се одржи протест поради ‘Монструм’, ‘Куманово’ и сите други случаи монтирани против Албанците од страна на репресивната славо – албаноговорна влада, која со тоа го искажува својот презир кон албанскиот етникум. Монтираните случаи против Албанците претставуваат флагрантно газење на нивните човечки права, на правата на Албанците во државата ‘северна’. Тие монтирани процеси се координираат од страна на обвинителството, судовите и власта против Албанците. Албанските политички партиички се дел од бесрамната соработка на албаноговорните колаборационисти со власта. Монтираните случаи се отворено изразување и на албаноговорниот колаборационизам, бидејќи албаноговорните партии во власта, особено Демократската унија за интеграција, знаеле за секој што ќе биде затворен, како и за секој план што ќе дојде за спроведување. Бараме расветлување на монтираните случаи и правда за Албанците.“
Авторите на оваа колумна не наведоа кој е организаторот, ниту што ќе содржи програмата за протестот.
„Полицијата бара граѓаните да ги почитуваат наредбите на полицијата во сообраќајот.“ – наведува „Порталб“ во својата информација во врска со двата повода за ограничување на сообраќајот во Скопје.





