Прошка од полицаец пред Собранието: Вашите камења не болат, затоа што се борите за Македонија

Во обраќање со наслов ,,Гордоста на еден полицаец”, на социјалните мрежи се пренесува исповед на млад но искусен припадник на полициските единици кои го обезбедуваат собранието а кој учествувал и во обезбедување на владата за време на ,,Шарената револуција”.



Во постот кој го пренесуваат повеќе припадници на МВР се раскажува за тоа како голем број полицајци ги доживуваат протестите против бугарскиот протокол.

Иако полицајците овие зборови ги објавуваат јавно и се свесни дека може да бидат гонети од луѓето на Оливер Спасовски во МВР не ги објавуваме нивните имиња.

Целото емотивно обраќање:

,Седиш дома на годишен одмор, ти ѕвони телефонот … од денеска си во приправност ако си на одмор. Минуваат 20 минути, пак вибрира телефонот, во 07:00 позади собрание, ете толку.

Те прашуваат од дома каде? Неволно одговарааш: на работа.

Додека се спремаш полека со стегачи по нозете од повреди од претходните “шарени револуции” за да може да си ја одработиш задачата ти се вртат милион работи по главата. За кого овој пат, чие топовско месо ќе бидеме, кој не става против својот народ кој сака да си ја сочува Македонија.

Те ставаат во први редови, пукаат штитови и камења, пукаа и со шарените, но некое чудо овие камења и компири не болат, го слушаш својот народ како и покрај сите притисоци, затварања и навидум “демократија” грчевито и со солзи во очите се бори да си ја сочува честа на МАКЕДОНИЈА.

Го држиш штитот и се прашуваш што и кого штитиш?

Уништувачите на нашата Македонија, за која си се заколнал дека ќе ја браниш, го држиш штитот тој пука однадвор а душата пука од внатре. Ако браќа и сестри удрете, сме заслужиле помалку боли тој камен, цигла и било што од предавството што го прават одродените.

Се пеат песни душата ти гори како да тргнеш на некој кој си ја сака Македонија, но наредба, хиерархија, закани, суспензии, откази, внатрешни контроли, машинерија што го гази секој родољуб.

И додека стоиме со штитот на барикадите ми се враќа еден стар муабет што ми го кажа дедо ми, цитирам: “ее синко мој, биди на страната на МАКЕДОНИЈА, во селото имаше 400 мажи а само околу 70 беа војводи па после партизани, кодошите и шпионите секогаш за нас велеа дека сме бандити за да му служат на окупаторот”.

Веќе не ти е важно дали пука штитот, пукањето на душата се слуша повеќе, по толку борба како полицајци 25 години дозволивме некој да не продаде и со закани кон сите нас, сеење страв кон луѓето што ги довеле до таа позиција да владеат, а истите тие луѓе што си ја сакаат Македонија да ги газиш.

И пукај душо пукни веќе еднаш кога пукаш барем пукни за МАКЕДОНИЈА 🇲🇰