Проруските сепаратисти се огласиа во врска со нападот на цивилен конвој утрово, во близина на украинскиот град Запорожје, во кој загинаа најмалку 23 лица.



Владимир Рогов, лидер на проруските сепаратисти и претседател на движењето „Ние сме заедно со Русија“, на Телеграм објави дека украинската армија е одговорна за нападот. Рогов тврди дека цивилите во конвојот сакале да ја напуштат Запорожје и да влезат на „ослободената територија“.

„Во моментов се знае дека загинале 23 цивили, а 34 се ранети“, напиша Рогов, додавајќи дека колоната автомобили била паркирана на саемот за автоделови.

Тие пукаа во колона автомобили што чекаше на излезот од Запорожје да премине на ослободената територија“, напиша Рогов.