По хакерскиот напад кој се случи на денот на изборите, по што „падна“ вебстраницата на Државната изборна комисија, од утрово таа е одново достапна за граѓаните.



На страницата можат да се најдат резултатите од последните парламентарни избори во земјава и распределбата на мандатите.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, синоќа соопшти дека полицијата била известена за хакерскиот напад кој, според него, предизвикал мало одложување на оперативната активност.