Вчера попладне, во 17:35 часот Блок 3 на РЕК Битола е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем и испорачува електрична енергија, по монтажата на новиот трансформатор на блокот која заврши успешно.
Блок 3 на РЕК Битола е повторно вклучен во работа по 366 дена откако во ноември 2021 година неговиот трансформатор беше оштетен во пожар предизвикан од надворешен фактор.
Со вклучувањето на Блок 3, РЕК Битола работи со полн капацитет. Последен пат комбинатот работел со сите три блока во грејната сезона 2019/2020 година, односно од февруари до март 2020 година, велат од ЕСМ.







