Пропаѓањето на Еуростандард банка сериозно се одразило врз бројките на Фондот за осигурување на депозити. Имено, исплатите на обесштетувањето за штедачите од оваа банка, што во Фондот се смета за најризичниот настан досега, го намалило инвестициското портфолио на Фондот за 18,9 проценти, додека, пак, стапката на покриеноста на депозитите на населението, која покажува колку Фондот може да покрие од вкупните штедни влоговги на ниво на држава, се намалила од 6,25 проценти, на 4,94 прпоценти.
Сето ова е наведено во Годишниот извештај за деловната активност за 2020 година на Фондот за осигурување на депозити, кој ФОД неодамна го објави на својата веб страница, откако тој е усвоен од Владата.
Во извештајот, од Фондот кажуваат дека најзначаен настан кој ја обележал неговата работата во 2020 година, бил оној на 12 август, кога гувернерката на Народна банка ја одзема дозволата за работа на Еуростандард, членка на Фондот-објави Фактор.мк.
Линк до целиот текст.





