Пропаѓањето на банките во САД директно нема да влијае врз македонските систем, може да страда само нашата трговска размена со светот

Пропаѓањето на банките во САД нема да има влијание на македонскиот банкарски и финансиски систем, но евентуалното проширување на кризата би можело да има негативен ефект на нашата економија преку намалување на трговската размена доколку економиите со кои соработуваме бидат зафатени од кризата, вели поранешниот гувернер на Народната банка, Петар Гошев за Плус инфо.мк.



Ист став има и Народната банка која банкарскиот систем е заштитен со тоа што, нашите банки имаат многу мала изложеност кон странство, вклучително и кон американската економија и американските банки.

Гошев вели дека земјава има среќа што има неразвиен банкарски и финансиски сектор, што во случајов е одбрана од реакција на случувањата во САД.

– Тешко е да се каже што ќе се случува, но можам да кажам дека нема директни линкови за негативни ефекти врз нашиот финансиски и банкарски систем од пропаѓањето на банките во САД. Нашите банки работат на конзервативни принципи, што е позитивната страна од развојната заостанатост на нашиот банкарски систем, и директен ефект врз банките нема да има. Тоа беше спасот за време на финансиската криза од 2007, 2008 година кога таа криза не дојде до нашите банки, а така е и сега. Единствено нашата и така заслабната економија од актуелната криза, може да има негативни ефекти со тоа што ќе бележи намалена трговската размена со светот, ако економиите со кои тргуваме бидат зафатени од евентуалната нова финансиска криза и почнат да бележат намалена економска активност. Така беше и во 2008 година кога имавме пад на трговската размена од 30 отсто – вели Гошев.

И од Народната банка велат дека нема опасност за домашниот банкарски систем од случувањата во САД.

Прочитајте го целото интервју на Плус инфо.мк.