По реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на барање на лидерот Ахмети во пресрет на посетата на Заев на Берлин одложена е седницата на собраниската комисија која треба да ги договори деталите од пописот.
За лидерот на опозицијата Мицкоски спорно е барањето на ДУИ со кое “како жител на државата ќе се попише и нејзиниот државјанин кој, иако во моментот на пописот не е тука или е на привремен престој во странство, ќе биде регистриран доколку негов близок роднина на истата адреса го пријави неговиот единствен матичен број“.
Според информацијата на порталот магазин.мк тоа значи дека “сите гастарбајтери и нивните семејства кои подолги години живеат и работат во Цирих, Базел, Љубљана или Чикаго, од страна на нивните роднини во Македонија, иако отсутни, ќе бидат попишани како жители на Тетово, Гостивар, Зајас или Арачиново. Со ваквата етно-политичка пописна норма, на пример, селото Колари (родното село на мајката на Али Ахмети), иако во моментов фактички има само околу 300-350 постојани жители, откако ќе се попишат и сите иселеници кои живеат во Швајцарија и Америка, заедно со нивните деца, фиктивно ќе испадне дека селото има 750-800 жители. Ваквите пописни податоци би биле неверодостојни, а Албанците во Македонија од 25% на последниот попис, вештачки би скокнале на 30%!”.
Предлог законот за попис договорен меѓу СДСМ и ДУИ е спротивен на стандардите во ЕУ и регулативата 763/2008 која е усвоена од Европскиот парламент и објавена во Службениот весник на ЕУ.
Членот 2 од оваа регулатива, која има законска важност во сите членки на ЕУ, како лице жител/население се дефинира секој кој има најмалку една година постојано присуство на одредена адреса, пред пописот во таа земја.
Предходно опозиционата ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека доколку законот биде протнат со злоупотреба на европското знаменце, без јавна дебата и без почитување на стандардите за попис на Евростат, може да повика на бојкот на пописот.
Ваквата реакција, која исто така била пренесена и до неколку амбасади на земји членки на ЕУ во Македонија, ги замислила владините коалициони партнери, по што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му наредил на пратеникот Артан Груби да ја одложи утрешната седница на комисијата за европски прашања, пишува Магазин.мк од каде тврдат дека спорното прикажување на дијаспората како активни жители на Македонија му било ветено на Ахмети од страна на премиерот Заев меѓу двата круга од претседателските избори, во замена за поголем број на гласови за победа на кандидатот Стево Пендаровски. За возврат Заев побарал поддршка од ДУИ за измена на изборниот законик со една изборна единица, без цензус, модел со кој СДСМ се надева дека полесно ќе помине на следните парламентарни избори.
Целата информација на магазин.мк на овој линк




