Тајната пропаганда на Заев до Геро, Јоци, Куновска…: Калаштура, ку*тонка, пи*ка ви матер, пизди, помочани….

Како што расте притисокот врз владата од јавноста така се засилуваат нападите од пропагандистите на СДСМ врз новинари и јавни личности кои што објавуваат информации против владеачката партија или ги критикуваат потезите на премиерот.



Во напливот на говор на омразата што ја манифестираат полутајни ликови од социјалните мрежи за кои се знае дека се блиски на СДСМ најчесто се користи срамен речник и закани.

Но засега не реагираат ниту МВР ниту јавното обвинителство по допрен глас.

Дел од овие луѓе иако се со лажни профили се добро познати на дел од јавноста и точно се знае за нивните линкови со буџети и проекти кои имаат за цел да ја бранат владата.

Дел од јавноста пак не знае кои се луѓето кои што јавно ги навредуваат.

Новинарот Бранко Героски прашува кои се луѓето што нему и уште на неколкумина им пишуваат: “каде се сега пи*ка им материна, се кријат како деца помочани” и “пизди во душа”.

Според одговорот се работи за еден лик кој работи во ПР тимот на Владата и постојано споделува постови на премиерот а другиот е брат на новинар кој има извонредно блиски врски со владата.

Првиот лик е можеби најкарактеристичниот од целата ергела пропагандисти на Владата.

Тој не бира, плука и се заканува на членови на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, новинари и било кој што ќе каже лошо за Заев.

На сексуална основа ги дискриминираше експратеничката Софија Куновска и Искра Коровешовска.

Поради името и професијата ги дискредитираше сестрата и мајката на портпаролот на опозицијата Наум Стоилковски.

А умерена закана упати до новинарот Зоран Божиновски со кого заедно се бореле против Груевски.

Божиновски веднаш разбра кој го замени експремиерот и ја продолжи својата битка против системот, но овие ликови кои зависат од пропагандните буџети на СДСМ се уште не можат да разберат дека водат загубена војна, како Германците во 1945 година.