На Прес конференција во седиштето ВМРО-ДПМНЕ потпретседателот на партијата Александар Николоски објави дека нема договор за измени на Изборен законик.
Николовски жали што за прв пат во историјата не бил изменет Изборниот закон пред избори со консензус.
Притоа на ВМРО-ДПМНЕ им биле одбиени две важни точки, прво, да бидат имплементирани сите сугестии на ОБСЕ-ОДИХР и второ да има избор на градоначалник во прв круг.
Според европските искуства најголемите притисоци и корупција од власта доаѓа меѓу првиот и вториот круг.
Според ВМРО-ДПМНЕ власта ги одбила барањата затоа што сака да продолжи корупцијата на избори.
Николовски објави дека кога ВМРО-ДПМНЕ се согласило да има отворени изборни листи за советници на тоа се спротивставиле помалите партии партнери на СДСМ со што станало јасно кој е против отворени листи.
Според Николовски тврди дека Левица се спротивставува на мониторинг на финансирање на кампања на социјалните медиуми.
Целото видео на овој ЛИНК
https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/1161643617648630/






