Пронајдено телото на штипјанец кој се удави во Дојранското Езеро

По неколкучасовна потрага, синоќа беше пронајдено телото на 42.годишниот штипјанец, кој вчера околу пладне паднал од педалинка во водите на езерото.



Станува збор за И.З.(42) од Штип, со престој во Германија.

„Припадници на нуркачки тим од САЕ „Тигар” пристигнаа на местото на несреќата и по преземени активности од нивна страна телото во 19.12 часот е пронајдено и извлечено од водите на езерото. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција“, соопштија од МВР.

Несреќата се случи вчера околу 11:30 часот, кога во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран, во непосредна близина на Градската плажа, едно лице паднало од педалинка во езерото и се удавило.