Во водите на прилепското вештачко езеро изутринава е најдено безживотното тело на 50-годишната прилепчанка која исчезна на 16 декември.
50-годишната Весна Николовска откако излегла од домот не се вратила.
Во градот и во околината со околу 400 доброволци континуирано се вршеше целодневна потрага. За денеска како можност беше оставено пребарувањето во водите на прилепското вештачко езеро.





