Пронајдено е уште едно тело на патник при дополнителен преглед на опожарениот автобус на Беса Транс.



Со тоа конечно отпаѓаат и сите шпекулации за „изчезнат осми патник“ по несреќата.

Со ова, бројот на жртвите во тешката сообраќајна несреќа достигна 45, како што првично беше најавено.

Информацијата ја потврди заменик главниот обвинител и шеф на Националната истражна служба Борислав Сарафов, пренесе Њуз бг

„Во 21.15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, од кои 45 ги затекнавме во автобусот, 7 се во „Пирогов“, рече тој.