Остатоците од подморницата „Титан“, кој експлодираше на 18 јуни во обид да се спушти до остатоците на „Титаник“, како и остатоците од телата на патниците, се пренесени во Порт Сент Џонс, во Њуфаундленд, Канада, на околу 650 километри северно од местото на несреќата.
Крајбрежната стража ќе ги транспортира до американското пристаниште каде што ќе бидат анализирани од истражното тело на морнарицата формирано оваа недела за официјално да ја истражи несреќата на „Титан“.
Американски експерти ќе направат и официјална анализа на остатоците од телата на патниците, кои се внимателно извадени од остатоците на местото на несреќата, се додава во соопштението на крајбрежната стража, пренесува Ројтерс.
Се очекува испитувањето на посмртните останки да ги расветли причините за експлозијата на подморницата Титан во која пет лица се упатија кон потонатиот брод Титаник, кој потона пред повеќе од 100 години во Северниот Атлантик.
Делови од подморницата, која изгубила контакт со бродот околу еден час и 45 минути по почетокот на двочасовното нуркање, биле пронајдени на длабочина од околу четири километри на дното на океанот, на околу 480 метри од потонатиот брод Титаник. .







