Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на синоќешната прес-конференција соопшти дека биле пронајдени два пиштола во текот на истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска.
Но, тој додаде и дека сé уште не се проверени дали станува збор за оружјата со кои се извршени убиствата на 14-годишното девојче.
На прашањето дали се направени парафински ракавици на осомничените, рече дека ќе се направат сите истражни дејствија и и за тоа има рок кога треба да биде сторено.
Спасовски објави и дека е пронајден мобилниот телефон на убиената Вања.
По распишаната меѓународна потерница во Турција уапсен е осомничениот за убиствата Љупчо Палевски Палчо, соопшти Спасовски на вонредноп свиканата прес конференција доцна синоќа.






