Дипломатката која вчера била пронајдена во својот апартман на Менхетен во Њујорк била дел од тимот во македонската дипломатска мисија во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.
Нејзини колеги потврдуваат дека се работи за вработена во Министерството за надворешни работи која пред две години била испратена во мисијата на Македонија во ОН во Њујорк.
Нејзиното тело било пронајдено во апартманот на четвртиот кат њујоршката 45та улица број 333 каде што живеела како дипломат.
Продолжува
Запрете и вратете 20 милиони евра
Проф. Котеска ги потсети Царовска и Заев зошто паднал Груевски
Се работи за 38 годишна Скопјанка која била одговорна како дипломат а била омилена кај колегите.
Според неофицијалните информации во МНР сега се чека официјалниот извештај на њујоршката полиција за смртта на младата дипломатка од Скопје.
Предходно весникот Њујорк Пост објави детали за трагедијата и информации како е пронајдена дипломатката.
Мистериозна смрт на балканска дипломатка во Обединетите нации






