Пронајдена киднапираната Моника

Киднапиранoто 12 годишно девеојче Моника Каримановиќ е пронајдена жива, потврди српското МВР.



Според српски Курир, Моника Каримановиќ од нишката населба Суви била пронајдена жива и здрава. во близина на селото Сврљишки Миљковац.

Порталот исто така наведува дека судбината на нејзиниот грабнувач, Нинослав Јовановиќ, наречена „Малчанскиот бербер“ засега е непозната и дека девојчето е пронајдено во гробница.

„Блиц“, наведува дека Моника Каримановиќ била спасена во селото Пасјача и дека станува збор за село од кое било мајката на бегалецот Нинослав Јовановиќ.

Весникот има малку поинакви сознанија и наведува дека Моника била пронајдена во напуштена колиба без видливи повреди.