Австралиските власти ја пронајдоа радиоактивната капсула изгубена во огромната дивина по речиси една недела потрага по автопат долг 1.400 километри.
Сребрената капсула, со дијаметар од 6 mm и долга 8 mm, содржи цезиум-137, кој емитира зрачење еквивалентно на примање 10 рендгенски зраци на час.
На луѓето им било кажано да останат најмалку пет метри подалеку од капсулата доколку ја забележат бидејќи изложувањето може да предизвика изгореници од радијација или зрачење, иако се смета дека поминувањето покрај капсулата носи релативно низок ризик, сличен на изложувањето на рендген.
Откако е пронајдена војската ја проверила капсулата и таа ќе биде пренесена во безбеден објект во градот Перт во четврток, изјави на прес-конференција министерот за вонредни служби Стивен Досон.
Радиоактивната капсула била дел од мерач што се користи за мерење на густината на железната руда од рудник во оддалечениот австралиски регион Кимберли.
Капсулата очигледно паднала од камионот и слетала на страната на патот, и малку е веројатно областа да се контаминирала.






