Пронајден „туарегот“ со кој побегнале напаѓачите од „Александар палас“

Трагите од напаѓачите кои синоќа по полноќ стрелале од автоматско орфужје во хотелотѕ „Александар Палас“ , како што и претходно беше јавено, водат кон скопското село Арачиново.



Во близина на селото боло пронајдено возилото марка „Фолксваген Туарег“ кое го користеле напаѓачите.

Возилото е намерно зпалено и сосема уништено, јавува ексклузивно „Инфомакс“.

Во возилото се пронајдени две опожарени автоматски пушки марка „Калашников“ со што пристигна потврда за информациите какво оружје било користено во претстрелката.

Возилото, најверојатно било запалено за да се уништат евентуални траги за напаѓачите