„За македонските работи“ е најновата книга на академикот и претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) Љупчо Коцарев која денеска беше промовирана во Скопје. Книгата е збирка од негови колумни напишани последниве две години и претставува критичка опсервација и анализа на македонските случувања.
Според академик Витомир Митевски, еден добар дел од колумните на Коцарев имаат намера да го соочат читателот со реалната состојба во која се наоѓа нашата држава.
– Пишувајќи за македонската општествена реалност, Коцарев аргументирано укажува на повеќедецениската деградација на елементите на државност на сите нивоа. Тој процес, кој притаено се јави уште од времето на осамостојувањето кога бевме полни со надеж дека сме на пат на изградба на прва независна и просперитна македонска држава, трае во контиуитет до денес, за жал, со забрзано темпо – рече академик Митевски.
Тој посочи дека Коцарев со своите апели во книгата најмногу им се обраќа на оние кои се избрани од македонскиот народ да ги застапуваат и бранат неговите интереси и да работат за доброто на земјата.
Целиот текст на следниот линк:





