Во рамките на новогодишните празнувања, организирани од страна на Општина Битола, утре со почеток од 17.00 часот во дворот на Офицерскиот дом, битолската група АМАНЕТ ќе ја промовира новата песна ДОБРО УТРО, УБАВ ДЕН. Настанот ќе биде искористен и за уште еден јубилеј – 30 години од снимањето на првата песна на Шенол Мемиш, вокалот на групата.
– Многу сум возбуден. После долг период, повторно се враќам на сцената. Триесет години активен како музичар и новинар! Покрај новата песна на Аманет, ќе изведеме и неколку мои постари песни објавени во периодот 1992 -1997 година кога бев многу активен. Голема благодарност до Општина Битола што ни овозможи нас, на битолските солисти и групи, во пресрет на празниците да се претставиме пред битолската публика, вели Шенол Мемиш.
Годинава, новогодишната програма во Битола трае 9 дена, а на неа учество ќе земат и Фолтин, Паркети, Гром, Камерниот оркестар, Марија Грујовска и други.





